Мицковски: Нормално е да се побара оставка од Маричиќ

од Radmila Tasevska
380 прегледи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски вечерва ги коментираше денешните случувања во Собранието и според него нормално е да се побара оставка од вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

– Зарем вие се сомневате во примитивноста на тој господин, јас не се сомневам. И токму тоа што го кажа пратеничката Стојановска, тоа се и случило на денешната парламентарна седница. Може да глумите во животот, но, вашето лице порано или подоцна излегува на површина, рече Мицкоски во емисијата „Клик плус“ на телевизија 21.

Мицковски рече дека е срамно тоа што го направи Маричиќ.

– Сексистичкиот настап е неодговорно нешто за вицепремиер, тој само тоне повеќе со лагите, еден ден ќе се одговара за се што е казниво, рече Мицкоски.

Слични содржини