38
Премиерот Христијан Мицкоски го осусди обидот за атентат врз поранешниот американски претседател и републикански кандидат за нов мандат Доналд Трамп.
– Во овие моменти на тага, шок и загриженост на американскиот народ, како претседател на Владата, упатувам изрази на најголема осуда за кукавичкиот обид за атентат врз претседателот Доналд Трамп. Истовремено, на претседателот Трамп и на повредените граѓани им посакувам побрзо опоравување и заздравување. Нашите мисли и молитви се со претседателот Трамп, со неговото семејство и со американскиот народ, се вели во објавата на Мицкоски.