Мицотакис дециден: Непочитувањето на Преспанскиот договор го затвора европскиот пат

од Илинка Илиоска
404 прегледи

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, во своето обраќање недалеку од границата, упати сериозна порака кон Скопје и новото раководство, изразувајќи предупредување дека доколку продолжат да го оспоруваат основниот аспект на договорот за името и да го користат на начин кој тие го сакаат, може да се соочат со затворени врати кон Европа. Изразувајќи жалење за оваа ситуација, тој нагласи дека Грција и понатаму сака да одржува добрососедски односи.

Мицотакис додаде дека жителите на Северна Македонија не бараат конфликти или националистички идеи и изрази надеж дека тие ќе останат на патот на разбирање и соработка.

– Граѓаните на Северна Македонија не сакаат ниту тензии, ниту национализам. И посакувам и се надевам дека ќе се вразумат и ќе се вратат на правилниот пат, рече Мицотакис.

Во време кога Грција се подготвува за европските избори на 9 јуни, Мицотакис го искористи својот митинг во Лерин за да ги истакне своите мислења за односите со Северна Македонија и за Преспанскиот договор.

-Денеска сум овде во Лерин, на границата на нашата земја и треба да ви кажам дека сум прилично незадоволен поради фактот што нашите северни соседи одбраа во овие околности да го вратат времето назад и да го оспорат името на нивната земја, кое е договорено преку меѓудржавен меѓународен договор, рече Мицотакис.

Тој изрази незадоволство од одлуката на северните соседи да го оспоруваат името што било утврдено со меѓународен договор. Мицотакис потсети дека неговата партија, Нова демократија, била против Преспанскиот договор, но дека бил јасен дека договорот не може да се менува или отфрла со едноставна законска измена поради неговата меѓународна природа.

Слични содржини