Мицотакис: Грција станува сѐ посилна

од Milan1
15 прегледи

По одлуката да набават уште една четврта по ред фрегата Белара, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на Фејсбук напиша дека „Грција станува сѐ посилна“.

„Додека нашата земја се подготвува да ја пречека првата фрегата Белара, на денот кога втората беше лансирана во бродоградилиштата на „Навал груп“ во Лорен, додека третата се гради, започнуваат процедурите за набавка на четврти брод од овој тип. Така, се реализира големата програма за зајакнување на вооружените сили што лично ја најавив. Трошоците за купувањето се буџетирани на начин што не ја нарушува нашата фискална конзистентност. Сепак, беше оценето дека е неопходно бидејќи заштитата на татковината е приоритет за кој не се преговара. Грција станува сѐ посилна, напиша Мицотакис на Фејсбук.

Слични содржини