Мицотакис: Откажувањето на средбата со Сунак нема да има ефект врз долгорочните односи

од Stefanija Kuzmanovska
216 прегледи

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска изјави дека откажувањето на средбата со неговиот британски колега Риши Сунак поради скулптурите на Партенон е „несреќно“, но додаде дека тоа нема да им наштети на односите меѓу Атина и Лондон долгорочно.

Сунак ја откажа средбата со Мицотакис во Лондон во вторникот, што предизвика лут одговор од грчкиот премиер, кој откажувањето го нарече непочитување и рече дека тоа ги спречило двајцата лидери да разговараат за важни светски прашања, објави „Ројтерс“.

Портпаролот на британската влада подоцна изјави дека Мицотакис, кој даде интервју за Би-Би-Си за време на викендот, не ги исполнил неговите уверувања дека нема јавно да го покрене прашањето за враќање на скулптурите на Партенон од Британскиот музеј во Атина.

Слични содржини