Microsoft дизајнираше сосема поинаква кабина за хибридна работа (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
434 прегледи

Наградуваниот концепт дизајниран во рамките на тимот на Microsoft Office Envisioning е објавен на страниците на познатите награди за дизајн Red Dot. Како што кажува и самото име, тие се занимавале со осмислување на нова форма на канцеларија за хибридна работа во услови на „новото нормално“, комбинација на работа од дома и во канцеларија, во тим и индивидуално. Тие го нарекоа своето дело Flowspace Pod.

Решението што го смислиле е видливо на сликите и видеото во овој текст, а Red Dot го опишува со овие зборови: „Microsoft Flowspace Pod е визија на новото нормално, рај за подобар фокус и концентрирана работа на хибридни работни места со висока соработка, во кои времето за самостојна работа станува се повредна“.

Приватната кабина или капсулата Flowspace Pod е полузатворена, што на работникот му дава впечаток на делумна приватност, како онаа во стандардна канцелариска кабина, а сепак доволно отворена за да поттикне соработка и комуникација. Ова решение може да се примени во поголеми канцеларии, куќи или за поставување на јавни места, како што се аеродроми или работни места каде што таквите капсули може да се изнајмуваат по потреба.

Red Dot Design Concept – Flowspace Pod from Red Dot Design Award on Vimeo.

Внатре во кабината има типично биро и стол, амбиентално осветлување, а во работниот простор доминира голем екран – нешто како згаснатиот проект Surface Studio – кој може да се користи како компјутерски монитор, телевизор или наведнат интерактивен екран на допир. Звучници се вградени во страните на капсулата, додека задниот ѕид е опција. Со други зборови, капсулата може да се користи без него, како целосно отворен работен терминал.

Слични содржини