613
Microsoft денеска достигна историска пазарна вредност од три трилиони долари, откако неговите акции пораснаа за дури 1,6 отсто на 405,13 долари.
Тоа го зацврстува статусот на Microsoft како еден од најголемите софтверски гиганти, надминувајќи го накратко Apple, објави „Блумберг“.
Минатата година Apple стана првата компанија која достигна три трилиони долари, но подоцна падна под вредноста на производителот на iPhone и моментално има пазарна вредност од 3,03 трилиони долари.