Microsoft и Xiaomi ќе соработуваат во голем број области

од Vladimir Zorba
290 прегледи

Microsoft и Xiaomi потпишаа меморандум за заедничко вложување. Тој ќе ги покрие услугите во облак, вештачката интелигенција и разни хардверски уреди. Договорот е интересен главно поради тоа што е помеѓу американска и кинеска компанија, и ова е крајно невообичаено во последно време. Во исто време соработката има логика, затоа што токму САД и Кина се најголемите пазари за овие услуги и производи.

Според објавените планови, Microsoft ќе му обезбеди на својот кинески партнер пристап до облачни услуги, меѓу кои и Azure, за развој на паметни телефони, лаптопи и паметни уреди за меѓународниот пазар. Во меѓувреме, компанијата од Редмонд ќе добие поширок пристап до кинескиот пазар.

Двете компании, исто така разговараат за идејата да го интегрираат виртуелниот асистент Cortana во „паметните звучници“ на Xiaomi. Договорот опфаќа исто така различни проекти поврзани со вештачка интелигенција и нејзината интеграција со услуги како Bing, Edge и Skype.

Во случајот треба да се нагласи дека станува збор за меморандум, кој не е правно обврзувачки за двете страни и не е јасно дали тој предизвикува финансиски односи.

Слични содржини