Microsoft објави програма за поддршка на стартапи, во рамките на која ќе инвестира 500 милиони долари во текот на две години, соопшти сајтот TechCrunch.com.
Проектот „Microsoft for Startups“ цели да обезбеди на млади иновативни компании пристап до бизнис, технологија и можности кои ќе им помогнат да ја прошират клиентската база, да ја зголемат продажбата, да развијат сигурна платформа и да комуницираат со бизнис заедницата и клиентите.
Учесниците во програмата ќе добијат пристап до техничка поддршка, средства за развој од корпоративна класа и бизнис апликации како Office 365 и Microsoft Dynamics 365.
Освен тоа, почетниците програмери ќе можат да ги искористат предностите на бесплатни кредити во износ до 120 илјади долари за користење на различни облачни услуги во Azure.
Microsoft има над 30 илјади трговски претставници и 800 илјади партнери по распоредување на облачни решенија. Програмата „Microsoft for Startups“ содржи ресурси за подготовка на специјалисти за маркетинг и продажба во согласност со стандардите на големите корпорации, а потоа ќе им помага да продаваат во партнерство со Microsoft.