
Во рамките на изложбата Е3, Microsoft ги претстави првите детали за следната генерација на Xbox конзолата за игри и објави дека ќе биде достапна кон крајот на следната година со играта „Halo Infinite“.
Уредот се развива под тајното име „Project Scarlett“, а од најновите информации, станува јасно дека ќе користи процесор базиран на AMD Zen 2 и Navi и ќе може да обезбеди 4 пати повисоки перформанси од Xbox One X.
Конзолата ќе има брза GDDR6 RAM меморија, која ќе овозможи остварување на „невидена резолуција и стапка на кадри“.
Од другите детали, станува јасно дека „Project Scarlett“ ќе поддржува гејминг при резолуција 8K, стапка на кадри до 120fps, „ray-tracing“ во реално време и поддршка на променлив fps.
Конзолата ќе вклучува SSD, а дел од дискот ќе се користи како виртуелна RAM меморија, што според Microsoft ќе ја зголеми продуктивноста за 40х спрема конзоли од актуелната генерација. Ова во голема мера треба да го забрза вчитувањето на игрите.
Ако сето ова ви е познато, тоа е затоа што Sony откри слични карактеристики за PlayStation 5.