Microsoft отпушта 1.000 работници

од Vladimir Zorba
231 прегледи

Microsoft планира да отпушти околу илјада работници поради послаб раст на приходите од лиценците за оперативниот систем Windows, објави американскиот портал за вести Axios, повикувајќи се на неименуван извор.

Отпуштањата ќе бидат распоредени на повеќе нивоа на компанијата, во различни тимови и делови од светот, дознава Axios.

Изворот го цитираше портпаролот на Microsoft кој рече: „Како и сите други компании, ние редовно ги анализираме деловните приоритети и соодветно правиме структурни прилагодувања. Во наредната година, ќе продолжиме да инвестираме во нашиот бизнис и да вработуваме во клучни области за раст“.

Компанијата неодамна отпушти нешто помалку од еден процент од своите вработени, по редовните „структурни прилагодувања“ на почетокот на фискалната година.

И многу други технолошки компании, вклучително Meta Platforms, Twitter и Snap, веќе отпуштија некои работници или ги замрзнаа вработувањата во услови на забавување на глобалниот економски раст поради зголемените каматни стапки, инфлацијата и енергетската криза во Европа, забележува Ројтерс.

Слични содржини