
Microsoft плаќа великодушно на специјалисти за безбедност, кои откриваат слабости во нејзиниот софтвер, во рамките на програмата „Bug Bounty“ (премија за откриена грешка), според податоците објавени од „ITPro“.
Минатата година, корпорацијата дала 2 милиони долари премии на Bug Bounty. За да ги стимулира уште повеќе специјалистите да откријат грешки во софтверот, Microsoft ја олеснила исплатата на надоместокот.
Така на пример, учесниците во оваа програма можат да добиваат пари преку платежниот систем PayPal и да ги пренесуваат кон свои банкарски сметки во над 30 земји во светот.
Покрај тоа, експертите можат да добијат премија за нивната работа вокрипто-валута. Но, Microsoft не специфицира во која дигитална валута ги плаќа надоместоците за откриени пропусти.
Уште повеќе, компанијата ги зголемува премиите по линија на „Bug Bounty“. Максималната исплата за корисниците на Windows Insider Preview се зголемува од 15 до 50.000 долари. А премијата за учесници во програмата Microsoft Cloud, кои бараат грешки во Azure, Office 365 и други производи се зголемува од 15 до 20 илјади долари.
На почетокот на март оваа година, компанијата HackerOne, која развива платформа за пребарување на пропусти за одредена сума, ја претстави својата ѕвезда – 19-годишниот самоук хакер Сантијаго Лопез од Аргентина, кој стана првиот во светот милионер од откривање на грешки.
Лопез почнува да поднесе извештаи за пропусти преку HackerOne во 2015 година. До март 2019 година младиот открил над 1.600 слабости и добил над 1 милион долари за својата работа.