Microsoft потврди дека се откажува од Windows 10 S

од Vladimir Zorba
170 прегледи

Информациите кои се појавија порано дека Microsoft го прекинува развојот на оперативниот систем Windows 10 S, кој требаше да конкурира на Chrome OS на Google, беа потврдени од софтверскиот гигант. S платформата ќе стане едноставно функција на Windows 10, објави The Verge.

Во 2019 година, Windows 10 S ќе престане да постои како посебен оперативен систем, и наместо тоа ќе се претвори во режим S Mode на платформите Windows 10 Home, Enterprise и Pro, појаснува во блогот на Twitter потпретседателот на Microsoft – Џо Белфиоре.

S Mode ќе го блокира симнувањето на апликации од други извори освен официјалната онлајн продавница на Microsoft Store, соопшти компанијата.

Во почетокот на февруари, сајтот Thurrott ја најави претстојната промена, повикувајќи се на тајни документи на Microsoft. Беа објавени и статистички податоци, според кои 60% од корисниците на Windows 10 S преферираат да останат на оваа платформа наместо да мигрираат бесплатно до Windows 10 Pro.

При тоа, меѓу корисниците, кои поминале од Windows 10 S кон Windows 10 Pro, 60% го направиле тоа во првите 24 часа по купувањето. И од корисниците кои ја сочуваа S платформата во првата недела, 83% останаа на неа и во понатаму.

Thurrott тврди дека за корисниците на Windows 10 Pro со S Mode деактивирањето на режимот ќе биде платено – миграцијата до комплетен Windows 10 Pro ќе ги чини 49 долари. Сепак, Microsoft не ги потврди овие информации.

Слични содржини