Microsoft работи на стриминг на игри од PC на Xbox

од Vladimir Zorba
96 прегледи

Споровите меѓу гејмерите дали конзолите или компјутерите се подобри за игри се на пат да бидат решени од Microsoft. Компанијата сака сопствениците на Xbox One и компјутер со инсталиран Windows 10 да можат да  ги проследуваат игрите од еден уред на друг, соопштува интернет изданието The Verge.zx450y250_2582282zx450y250_2582282

Со пуштањето на Windows 10 гејмерите ќе можат да проследуваат игри од Xbox кон својот домашен компјутер. Сега Microsoft сака да се овозможи и обратниот процес. “Свесни сме дека ако сакаш да играш компјутерска игра на Xbox, треба тастатурата и глувчето да се целосно компатибилни, за да можеш да играш. Тоа е меѓу работите кои сакаме да ги направиме”, коментира шефот на Xbox, Фил Спенсер.

Главниот предизвик се испоставува во извршувањето на обработката и кодирање на видео од PC на Xbox, сподели Спенсер. “Предизвиците се убаво нешто”, вели тој и додава дека засега нема рок за воведување на новата услуга. Компанијата сака да ја развие колку е можно подобро, пред да ја пушти. Гејмерите сакаат да играат игри со различни уреди. Може да сакаат да играат со пријателите во мрежа, за што Xbox е посоодветен поради поголемиот аудиториум, или пак да се понапред повеќе во самата игра и им е поудобно да го сторат тоа на компјутер, вели Спенсер. Затоа Microsoft сака да им го предложи на гејмерите најдоброто од двата света и смета дека Windows 10 ќе помогне за остварување на таа цел.