Microsoft развива новa мejл апликација која се обидува да ja направи поостарeната технологија малку атрактивна. Според информации на онлајн изданието ZDNet апликацијата се вика Flow и ќе биде пуштена прво за iPhone, а потоа и за другите мобилни платформи.
Во Twitter се шири и илустрација од официјалната страница за симнување на апликацијата.Таа е означена како “конфеденциална”, но пак е достапна во јавно достапниот интернет простор. Според описот во основа Flow е мејл услуга. “Може да комуницира со секој со имејл адреса, а разговорите ќе бидат достапни и во Outlook. Може да го користите како Flow, така и Outlook за да учествувате во истите разговори”, се вели во описот.
Иако недостасуваат слики од програмата, се чини дека Flow е своевидно разговорна апликација која користи мејл за размена на пораки. “Без наслови со официјално добредојде или потписи. Flow е направен за брзи и лесни разговори во реално време”, пишува уште во описот на апликацијата.
Друга интересна подробност е дека во интерфејсот на Flow ќе се гледаат само разговорите кои се започнати од апликацијата , а не целото сандаче на корисникот. Идејата е дека луѓето ќе можат да ги користат Flow за да се одделат оние со кои сакаат да имаат директна врска. Засега Microsoft не ја коментира темата официјално. Портпаролот на компанијата изјави дека тој нема што да сподели за Flow, па останува нејасно кога и дали и апликацијата ќе се појави за масовниот корисник.