328
Денеска (22.08.2023) во СВР Скопје било пријавено дека во 01.10 часот на Железничка станица „Илинден“ било пронајдено починато едно лице-мигрант, кое се здобило со повреди од струен удар, информира МВР.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.
Увид на местото бил извршен од екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.