Мигранти импровизираа камп под мост во Тексас: „Ги има илјадници, топло е и има малку храна и вода“ (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
288 прегледи

Илјадници мигранти пристигнаа под мостот што ги поврзува градовите Дел Рио во Тексас и Сијадуд Акуња во Мексико, создавајќи импровизиран камп во топлината.

Температурите достигнуваат 37 степени Целзиусови, а има малку храна и вода, па стотици мигранти се принудени да се вратат во Мексико за да се снабдат со основните прехранбени производи, пренесe Ројтерс.

Мигрантите се претежно од Хаити, а има и такви од Куба, Венецуела и Никарагва.

Тешките услови во кампот на границата покажуваат со каков хуманитарен предизвик се соочува претседателот на САД, Џозеф Бајден, а бројот на уапсените на границата е најголем во последните 20 години.

Бајден, демократ кој ја презеде функцијата во јануари, укина многу строги мерки за имиграција воведени од неговиот претходник од Републиканската партија, Доналд Трамп.

Сепак, Бајден се најде меѓу про-мигрантските групи и некои демократи кои го критикуваа дека не прави повеќе за да им помогне на мигрантите, од една страна, и противниците кои веруваат дека неговата политика поттикнува илегална имиграција, од друга страна.

И мексиканските власти веруваат дека бројот на мигранти на границата ќе се зголеми во наредните денови.

Слични содржини