353
Вчера во 16.00 часот во Виница, полициски службеници од полициската станица Виница го лишиле од слобода Џ.С.(51) од село Романовце, кумановско. При истовар на товарно возило и полуприколка со кумановски регистарски ознаки во фабрика во Виница биле пронајдени две лица мигранти, А.Ј.(23) и М.Н.(26), двајцата од Сирија. За настанот бил запознаен Јавен обвинител за гонење на организиран криминал и корупција, а мигрантите биле пренесени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг” во Гевгелија.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.