19
– Hа 15.11.2024 околу 01:40 часот на Граничен премин Богородица, на влез во државата, при контрола на товарно возило со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од А.В.(59) од Кавадарци, биле пронајдени девет лица мигранти од Ирак. Во разговор со полициските службеници, мигрантите изјавиле дека во возилото влегле без знаење на возачот, информираат од МВР.
Тие биле сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија, а на возачот му бил дозволен влез во државата.