259
Актерката Мила Кунис често е опкружена со армија обожаватели кои сакаат да се фотографираат со неа или да добијат автограм.
Во една прилика ја помешаа со Меган Фокс, а реакцијата на Кунис стана хит на интернет.
Имено, еден од обожавателите на Мила држел фотографија на која сакал актерката да се потпише мислејќи дека е таа. Сепак, тоа беше Меган.
„Ја сакам, тоа е Меган Фокс“, му рекла Мила.
„Таа е фантастична. Мило ми е што мислеше дека тоа сум јас“, додаде актерката.
Освен оваа, на многумина им беше симпатична уште една ситуација.
Еден од обожавателите ѝ подаде на Кунис фотографија во бикини, прашувајќи дали актерката ќе му ја потпише.
„Ох, ќе ја прескокнам неа, пријателе“, рече таа.