Милан и Аталанта се договорија за Де Кетелар

од Vladimir Zorba
3,1K прегледи

Аталанта одлучи да ја искористи опцијата за купување на офанзивниот играч за врска на Милан, Шарл Де Кетелар, кој изминатата сезона ја мина на позајмица во тимот на Бергамо, пренесуваат италијанските медиуми.

Како што е познато, „нероазурите“ се надеваа дека ќе добијат попуст од зделката меѓу двата клуба минатото лето. Од друга страна, „росонерите“ им понудија одложување на своите колеги и го продолжија рокот за активирање на опцијата од 14 јуни на 20 јуни. На крајот, двете страни успеаја да постигнат договор пред првичниот рок. Аталанта малку ја намали фиксната сума на трансферот од 23 милиони евра на 22 милиони, а дополнително во зделката се вклучени 2 милиони во вид на бонуси и 10% за Милан од приходот од следниот трансфер на играч.

Де Кетелар имаше силна сезона кај освојувачите на трофејот во Лига Европа, постигнувајќи 14 гола и 11 асистенции на 50 настапи во сите натпреварувања.