Милан планира да испрати уште една понуда до Клуб Бриж со надеж дека конечно ќе може да се договори за големата трансфер цел, Шарл де Кетелар.
Според „Газета дело Спорт“, Милан чека до денешниот натпревар од Суперкупот на Белгија помеѓу Бриж и Генк да испрати понуда од речиси 35 милиони евра, приближувајќи се на понудата на Лидс од 37 милиони.
Според други италијански изданија, цврстата сума ќе биде 30 милиони евра дополнети со уште 5 милиони.
За Де Кетелар е подготвен 5-годишен договор со плата од 2-2,5 милиони евра по сезона, што е двојно зголемување на наградата од 1 милион што ја добива во белгискиот шампион .
„Ла Република“ тврди дека 21-годишниот белгиски интернационалец веќе го известил својот тим за неговата желба да биде продаден на гигантот од Милано.