Како што пишуваат хрватските медиуми судијката на Општинскиот граѓански суд во Загреб, која го водеше случајот на Северина и Милан, се сретнала со некогашниот партнер на сплитската пејачка во хотел на скијалиште во Аустрија. Судијката за Jutarnji изјавила дека таа таму претстојувала со сопругот и ќерката, а Поповиќ со синот.
– Се сретнавме во хотелот на вечера. Бев со семејството, а тој со детето и поголемо друштво – изјавила Теа Голуб.
– Сигурно се поздравивме четири-пет пати бидејќи и двајцата бевме во хотел во кој има еден ресторан, но никогаш не седевме заедно на иста маса или да разговараме за нешто, освен што најкултурно се поздравивме – изјавила судијката.
Српскиот бизнисмен, за хрватските медиуми, рекол дека е среќен што тој и синот имале незаборавен одмор, пренесува 24sata.hr.
За потсетување, на 28 ноември со одлука на Општинскиот граѓански суд била доделена привремена мерка детето на Северина и Милан да живее со таткото и тој самостојно да се грижи за образованието и здравјето на малиот Александар.