Милан Поповиќ по битката за старателство: „Ова е само уште еден циркус на Северина“

од Stefanija Kuzmanovska
581 прегледи

Врховниот суд во Хрватска целосно го врати старателството врз Александар Поповиќ на неговиот татко Милан Поповиќ, што значи дека ѝ е одземено старателството на хрватската пејачка Северина Вучковиќ.

По донесувањето на одлуката се огласи и Милан Поповиќ.

„Врховниот суд е највисоката судска инстанца во Република Хрватска. Пресудата е донесена едногласно од совет од 5 врховни судии. Одлуката е чесна и јас сум задоволен, но приказната се уште не е завршена. Жупанискиот суд во Сплит и други судии од оваа постапка на нашето дете му нанеле непоправлива штета“, изјавил Поповиќ за РТЛ, а потоа додал:

„Ќе продолжам да ги користам сите законски средства за да ги демаскирам сите кои учествувале во тоа и барам да бидат соодветно санкционирани. Конечно, оваа одлука во никој случај не значи дека мајката нема да може да го гледа детето. Тие 20 месеци кога детето живееше со мене мајката не доаѓаше да го посети во повеќе од половина од термините, а што е уште полошо, таа не ни бараше повеќе време да биде со детето. Ова е само уште еден медиумски циркус на Северина Вучковиќ, сезона 156“.

Слични содржини