Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска одговори на предупредувањето до поранешниот руски премиер Дмитриј Медведев дека ќе му се одмаздaт од Киев за неговите ставови за настаните во Украина, велејќи дека тој не е на страната на Русија, дека не го познава Медведев и дека не сака да се „фаќа“ на такви јадици.
„Дозволете ми сега да застанам меѓу Медведев и некои лудаци во Украина или лудаци во Русија. Ова не е мој свет, јас сум на страната на Хрватска. Се обидувам да изнудам што е можно повеќе за хрватскиот народ“, рече Милановиќ во Вуковар, објавија хрватските медиуми.
Хрватскиот претседател во оваа прилика повторно го поткопа премиерот Андреј Пленковиќ велејќи: „Не третираат како будали, како третокласна нација, Пленковиќ сето тоа заедно го поддржува на хулигански и удбашки начин само за да се пресмета со мене, тоа е најстрашното“, рече Милановиќ.