Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ го нарече „несериозен и целосно нереален“ предлог документот, што е изготвен за утрешната средба на лидерите на ЕУ за миграциската криза, и изјави дека на неа нема да прифати никакви задачи за Хрватска, пренесе Танјуг.

cbf83d55-b1a4-48cf-acfa-63b04d5322e5-225291_zoran-milanovic-foto02-beta_f

Милановиќ изјави дека го видел текстот на документот, според кој државите од таканаречената „балканска маршрута“ веќе нема да можат без согласност од своите соседи да ги носат бегалците и мигрантите на нивните граници.

-Има идеја кога луѓето еднаш ќе влезат да не се испраќаат понатаму. Тоа е невозможно. Тој што го напишал тоа воопшто не разбира како стојат работите на терен. Утре нема да преземам кикакви задачи за Хрватска. Дури и да мислевме на тоа, ќе треба да го свикаме Парламентот, рече Милановиќ пред новинарите во Јастребарско.

Премиерот изјави дека очекува проблемот да се реши таму каде и се појави – на границата меѓу Турција и Грција. Таму, според него, бранот мигранти треба да биде запрен, и тоа на начин како што го направи Шпанија – со активни дејствија и со крајбрежната стража.

-Ете, ако треба, ние ќе испратиме брод или два во грчко-турските води, а другите можат и повеќе од нас, и ќе видите како за еден до два месеца проблемот може да се реши без насилство и без давања. На некого, се чини, му е одговара оваа состојба да продолжи, рече Милановиќ.

Тој изјави дека Хрватска ќе продолжи да постапува со бегалците како досега, што,  на никаков начин не му пречи на животот на хрватските граѓани./MИА

Слични содржини