44
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска изјави дека нема причина таа земја да не ја признае државата Палестина.
„Цела низа земји ја признаа Палестина, вклучително и некои од земјите од поранешна Југославија, но Хрватска молчи, а за мене признавањето на Палестина е морално прашање и нема апсолутно никаква причина или оправдување на палестинскиот народ да не му се признае правото на сопствена држава. Зошто Хрватска молчи?“, истакна Милановиќ на годишната конференција на хрватските дипломати во Загреб, пренесува Index.hr.
Повеќе од 140 од 193 земји-членки на ОН ја признаваат Палестина како суверена држава, вклучувајќи ги Кина, Русија, Јужна Африка, Бразил и речиси сите африкански земји.