Милановиќ одреди датум: Хрватска оди на избори на 17 април

Милановиќ донесе одлука и за распишување избори за пратеници во Европскиот парламент од Република Хрватска кои ќе се одржат на 9 јуни.

од Бети Божиноска
292 прегледи

Хрватскиот претседатело Зоран Милановиќ го објави денеска датумот за изборите кои, прв пат во историјата на Хрватска, ќе се одржат во среда, пренесува „Индекс“.

Според одлуката на Милановиќ за распишување избори за пратеници во хрватскиот Сабор, изборите на гласачките места во Хрватска ќе се одржат на 17 април 2024 година, а на избирачките места во дипломатско-конзуларните претставништва на Хрватска ќе се одржат на 16 април и на 17 април.

Одлуката за распишување избори за пратеници во хрватскиот Сабор стапува на сила денеска, 15 марти 2024 година. Според Законот за избор на пратеници, Член5, Став 3, денот на изборите е неработен ден.

Милановиќ донесе одлука и за распишување избори за пратеници во Европскиот парламент од Република Хрватска. Според таа одлука, изборите  на гласачките места во Република Хрватска и во дипломатско-конзуларните претставништва на Хрватска ќе се одржат во недела, 9 јуни 2024 година..

Одлуката за распишување избори за пратеници во Европскиот парламент од Република Хрватска стапува на сила на 9 април 2024 година.

Слични содржини