Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ денеска наводите дека хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ е сериозен кандидат за генерален секретар на НАТО, за што објавија два шведски весници.
„Утре Бјеловарац ќе објави дека Баножиќ е кандидат за шеф на НАТО. Не знам, се е можно“, изјавил Милановиќ.
„Пленковиќ едвај чека да се препаркира“
„Функцијата генерален секретар не била замислена и никогаш не функционирала како нешто политички важно и креативно. Но, во време на криза, интервенцијата во Србија во 1999 година и сега, 20 години подоцна, секретарот на НАТО е поприсутен во медиумите, но тоа создава проблем кај сојузниците“, додал претседателот на Хрватска, пренесува „Индекс“.
Тој истаканл дека „солирањето“ на актуелниот генерален секретар Јенс Столтенберг им пречи на некои претставници на НАТО, особено на Французите.
„Тоа ќе мора да биде некој кој ќе мора да знае уште од почетокот дека нема ќе биде креативен, дека нешто сериозно ќе се бара од него и кој ќе мора да му се допадне на Вашингтон, но и на Париз“, истакнал Милановиќ.
„Тој живее за тоа, живее за да се препаркира некаде, тоа многу го интересира“, рекол Милановиќ за Пленковиќ и посочил дека е потребно да се избегне прилагодување на датумот на парламентарните избори на потребите на премиерот.
Новинарите се интересирале и дали во случај на заминување на Пленковиќ од премиерската функција, Милановиќ ќе се бори за таа функција.
„Ништо од тоа, никогаш“, категоричен бил хрватскиот претседател.