173
Јаков Милатовиќ, претседателскиот кандидат на Движењето Европа сега, на конвенцијата во Беране изјави дека неговиот противкандидат во вториот круг од изборите, лидерот на ДПС, Мило Ѓукановиќ, патува во странство бидејќи знае дека Црна Гора нема да гласа за него.
„Гледам дека сите вие во Беране ја препознавте важноста на изборите и дека верувате во успех како што верувавте во првиот круг. Добро знаете со кого си имаме работа и колку е важно Црна Гора да не ја води Ѓукановиќ во следните пет години“, рече Милатовиќ.
Тој рече дека Ѓукановиќ со години ја „држи Црна Гора во заробеништво – во тензии, минатото“.
„А јас сум тука за да ја водам Црна Гора напред, кон успех, заедно со вас – со љубов, знаење и работа“, рече Милатовиќ, соопшти ПЕС.