Милатовиќ: Црна Гора ќе биде уште покредибилна членка на НАТО

од Vladimir Zorba
242 прегледи

Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, денеска на Твитер порача дека Црна Гора ќе продолжи со својата конструктивна улога на Западен Балкан и ќе биде уште покредибилна членка на НАТО.

Милатовиќ ова го изјави по средбата со специјалниот пратеник на британската влада за Западен Балкан, Стјуарт Пич во Струга.

Претседателот на Црна Гора присуствува на третиот Преспа форум кој се одржува во Струга.

Слични содржини