196
Државната изборна комисија во Црна Гора денеска ги утврди конечните резултати од претседателските избори, јавува РТЦГ.
Според овие резултати, Јаков Милатовиќ освоил 58,88 отсто или 221.592 гласа, а Мило Ѓукановиќ 41,12 отсто или 154.769 гласови.
Со тоа и формално се потврди дека Јаков Милатовиќ е избран за претседател на Црна Гора.