МИЛАТОВИЌ НЕГИРА ВРСКИ СО ДО КВОН: „Не ми ја финансираше претседателската кампања“

од Vladimir Zorba
500 прегледи

Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ изјави дека јужнокорејскиот државјанин До Квон не донирал пари за неговата претседателска кампања, ниту пак учествувал во финансирањето на кој било начин.

Милатовиќ за ТВ Е изјави дека сите финансиски податоци се вистинити и достапни на јавноста, но и на донаторите на неговата кампања и негираше каква било лична или каква било друга врска со До Квон, пренесе РТЦГ.

До Квон е осомничен за измама од 40 милијарди долари во светот на криптовалутите. Откако испрати писмо од затворот на повеќе адреси во државниот врв, на крајот од кампањата за парламентарните избори беше доведен во контакт со движењето „Европа сега“ и неговиот лидер Милојко Спајиќ.

Спајиќ претходните денови негираше и дека добил пари од Квон за кампањата, што самиот Квон го кажа во сведочењето пред државното обвинителство.

Обвинетиот корејски криминалец До Квон на рочиштето во Управата за извршување на кривични санкции (УИКС) на 16 јуни, негираше дека ја финансирал политичката кампања на претседателот на Движењето „Европа сега“, Милојко Спајиќ, посочи адвокатот Горан Родиќ во изјава за медиумите.

Слични содржини