Милатовиќ: Подобро е да се биде дел од Отворен отколку од затворен Балкан, пријателски со Вучиќ

од Stefanija Kuzmanovska
230 прегледи

Новиот претседател на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, изјави дека со прашањето за пристапување кон Отворениот Балкан ќе се занимаваат идната влада и Парламентот и дека неговата политичка позиција е јасна – „подобро е да се биде дел од Отворен отколку од затворен Балкан“.

„Идејата за Европската унија (ЕУ) е создадена како идеја за регионална економска соработка меѓу Бенелукс, Германија, Франција и Италија. А на Балканот, кога зборуваме за европска интеграција, често забораваме на важноста на нашата регионална економска интеграција. Подобрувањето на односите и регионалната соработка е нешто за што отсекогаш сум се залагал како економист“, изјави Милатовиќ за НИН, зборувајќи за иницијативата Отворен Балкан.

Тој наведе дека приоритет на сите приоритети е членството во ЕУ и „се додека тоа е нашата главна цел, не гледам проблем во истовремено подобрување на регионалната економска соработка“.

„Понатаму, мислам дека тоа е составен дел од нашите интеграции во ЕУ“, нагласи Милатовиќ.

На прашањето дали го познава српскиот претседател Александар Вучиќ и дали Вучиќ му читал по победата на претседателските избори во Црна Гора, Милатовиќ одговори дека немал можност директно да се сретне со него.

„Благодарен сум му за честитката што ја добив по победата на претседателските избори. Исто така, имавме телефонски разговор кој се одвиваше на пријателски и фер тон. И двајцата изразивме подготвеност да работиме на подобрување на соработката и решавање на прашања кои го оптоваруваат регионот“, рече Милатовиќ.

Слични содржини