Милатовиќ: Сигурен сум дека нема да ги разочарам граѓаните

од Stefanija Kuzmanovska
145 прегледи

Новоизбраниот претседател на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, кој во неделата убедливо го порази Мило Ѓукановиќ на претседателските избори, со излезност од речиси 70 отсто, изјави дека е свесен за својата одговорност и е сигурен дека нема да ги разочара граѓаните.

Тој во интервју за „Танјуг“ посочи дека на Црна Гора ѝ треба стабилна влада.

„Во неделата имавме историски важен ден за Црна Гора, конечно го заменивме симболот на претходниот режим кој владееше со Црна Гора претходните 30 години и ја отворивме вратата за нова ера на демократски и економски развој во земјата“, рече Милатовиќ.

Предизвиците се големи и, како што рече, земјата треба да се помири.

„Токму во неделата навечер реков дека ова е победа на помирена Црна Гора, бидејќи господинот Ѓукановиќ премногу ја подели Црна Гора, непотребно и прецизно ја подели Црна Гора и токму на тие поделби владееше толку долго. Затоа приоритет број еден во внатрешна смисла на нашата политика е помирување“, истакна Милатовиќ.

Приоритет во надворешната политика се евроинтеграциите, рече Милатовиќ и оцени дека во наредниот петгодишен мандат заедно со Владата на Црна Гора, која конечно треба да биде политички стабилна по вонредните парламентарни избори, ќе се добие дополнителна стабилност, која ќе биде неопходна за влез на Црна Гора во ЕУ.

„А потоа да ги продолжиме сите оние реформи што некаде ги почнавме, а кои се однесуваат на подобрување на животниот стандард на граѓаните и борба против организираниот криминал и корупцијата“, рече Милатовиќ.

Слични содржини