337
Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, смета дека Црна Гора може да стане полноправна членка на ЕУ до крајот на неговиот петгодишен мандат.
Тој во изјава за ТВЦГ од Брисел рече дека очекува владата која ќе се формира по изборите на 11 јуни да биде силно европски ориентирана.
Милатовиќ во Брисел разговараше со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел и со комесарот за проширување и добрососедство, Оливер Вархеjи.