Режисерот Владимир Милчин смета дека бугарскиот премиер Кирил Петков треба да даде објаснување зошто не ги почитуваат пресудите за кршење на човековите права на Македонците во Бугарија.
-Бугарскиот премиер бара појаснување за кршењето на киоскот во Битола, а не дава објаснување зошто одбиле толку пресуди од Европскиот суд за човекови права во Стразбур за кршење на човековите права на Македонците во Бугарија. ЕУ тоа го премолчува и тоа е несфатливо. Некој од ЕУ треба да побара објаснување, вели Милчин во гостувањето на емисијата „Само интервју“, потенцирајќи дека треба да ги продолжиме преговорите со Софија, но да не дозволиме да бидеме условувани.
-Доколку дојде до услови, тогаш треба да кажеме стоп, смета Милчин.