Милетиќ: Не ми беше презентирано дека има некаква безбедносна закана за Еуропрајд

од Vladimir Zorba
174 прегледи

Координаторот на Еуропрајд, Горан Милетиќ утрово изјави дека доколку постои можна безбедносна закана за одржувањето на манифестацијата Еуропрајд, таква информација никогаш не му била презентирана.

„Има некои луѓе кои се против, некои се малку погласни. Ова е нешто што го имавме во претходните години, можеби пред две или три години малку помалку, но нема поголеми безбедносни закани за кои сум свесен. Полицијата прави безбедносна проценка и врз основа на тоа става доволен број полицајци на улица“, изјави Милетиќ за ТВ Прва.

Повтори дека инсистираат на прошетката закажана за сабота на 17 септември, да пешачат и покрај евентуалната забрана, а ќе се одржат над 130 најавени настани.

Милетиќ рече дека прошетката е секако пријавена, а полицијата има рок од 96 часа до настанот да издаде евентуална забрана, која според него е вторник во 16 часот.

Координаторот на Еуропрајд додаде дека доколку постои некаков безбедносен ризик, тој не доаѓа од учесниците на настанот, туку од оние кои евентуално би го нападнале собирот, нагласувајќи дека тој лично не верува дека има „толку голем ризик“.

„Со тие луѓе треба да се занимава полицијата, а не ние. Не можете да забраните некого да оди поради безбедносен ризик, затоа што некој сака да го нападне. Ако некој сака да нападне, тогаш тој човек треба да биде уапсен“, рече Милетиќ.

Слични содржини