Милевски: Годината ја започнуваме со зголемување на бројот на советници на ЛДП

од Берта Китинска
281 прегледи

Независните советници Даниел и Бране кои во Советот на Општина Македонски Брод влегоаж како кандидати за советници од различни кандидатски листи за советници и освоија 9,94% односно 8,81% од гласовите, од почетокот на оваа година ќе делуваат како советници на ЛДП, информриа лидерот на ЛДП, Горан Милевски.

-Ова е уште една потврда дека независните граѓански советници кои гравитираат во центарот ја препознаваат ЛДП како граѓанска опција блиска до нивната идеологија.
Со приклучувањето кон ЛДП советниците ги прифаќаат програмските определби на ЛДП за слободно граѓанско општество, владеење на правото и борбата против корупцијата. Чиста животна средина и економски развој и поддршка на претприемачите и приватната иницијатива, соопшти Милевски.

Слични содржини