Милевски: Изборниот модел им одговара само на големите партии за да го држат политичкиот монопол

од Andreja Salpe
258 прегледи

Министерот за локална самоуправа, Горан Милевски во своето гостување во емисијата Само Вистина на Канал5 телевизија истакна дека со начинот на рекламирање на политичките партии во кампањи излегува на површина нерамноправноста помеѓу партиите.

– Начинот на рекламирање за време на избори треба да се измени, не сме сите рамноправни во оваа ситуација, затоа што поголемите партии заземаат поголем простор, а во една кампаања сите стартуваме од нула. Не може на трката посилниот да тргне од 50 метри, а помалиот да тргне од нула. Во моментот има преговори помеѓу политичките партии за промена на изборниот модел и за промена на листите за локалните избори. Чувствувам дека тие преговори се само купување на време. Јасно е дека овој модел им одговара на левицата и на десницата да го држат овој монопол, да не се дозволува конкуренција, истакна Милевски

Слични содржини