Министерот за локална самоуправа и преседател на ЛДП Горан Милевски во гостувањето на Сител вели дека партијата сакала да дејствува независно, но планирано било оваа идеја да се спроведе понатаму.
-Сакавме да дејствуваме независно и да се истакне нашата посебност, бидејќи кога сте помала партија и подолго коалицирате со поголема партија вие фактички се губите во просторот и на нас ни требаше една препознатливост која ЛДП цело време ја има. Некој од опозициските портали половина час пред да се случи бегството на Мијалков ја пушти веста дека ЛДП ја напуштаат коалицијата. Во политиката нема ништо случајно, така да, исто сметам дека нема случајно ништо што двата настана се соопштија во исто време. Ние експресно бевме присилени да пуштиме соопштение во кое кажавме дека точно е, нема што да лажеме. Ние си имавме предвидено време кога ова ќе го објавиме, но некој ја пробил информацијата и ја објави во неделата вечерта пред случката со Мијалков. Оваа информација не е да се турка владата или да се приклучиме кон опозицијата. Сметам дека изјавата на премиерот за нашата одлука беше во момент на нервоза поради настаните со Мијалков, вели Милевски.