По повод 8-ми Октомври-75 години од денот на ослободувањето министерот за локална самоуправа Горан Милевски ќе присуствува во Крива Паланка на пуштањето во употреба на пешачката патека на локалитетот висока зона – Стара вада.
Се работи за проект реализиран во рамки на ИПА-програмата за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Косово, финансиран од Европската Унија, а кофинансиран од Министерството за локална самоуправа.
Милевски и градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, ќе направат увид и во проектите што се реализираат со средства од Министерството за локална самоуправа, од Програмата за рамномерен регионален развој.
Министерот Милески ќе присуствува и на свеченостите со кои ќе биде одбележан Денот на Општина Крива Паланка.
Од локалната самоуправа информираат дека во 10ч е предвидено полагање свежо цвеќе пред Споменикот на паднатите борци на плоштадот Карпошово востание. Потоа надлежните свечено ќе ја пуштат во употреба пешачко-рекреативната патека „Стара вада“.
Традиционално и годинава на свечена академија во Домот на култура ќе бидат доделени „Осмооктомвриските награди“ на истакнати и заслужни граѓани.