Мили Боби Браун: Нема да глумам во „Stranger Things“ ни за 10 милиони фунти

од Vladimir Zorba
290 прегледи

Младата актерка и ѕвезда на серијата „Stranger Things“ Мили Боби Браун (19) одбила хонорар од 10 милиони фунти што и биле понудени за спин-офот на оваа хит серија, пренесува The Sun.

Таа изјави дека едноставно е подготвена за ново поглавје и нови проекти.

– Дефинитивно сум подготвена да ја прекинам оваа серија. Чувствувам дека многу е кажано досега, а овој проект е во нашите животи многу долго време. Целосно сум подготвена да се збогувам со ова поглавје од мојот живот и да отворам некои нови поглавја. Способна сум да создавам приказни кои ми се важни и да се фокусирам на пошироката слика – изјавила младата актерка.

Мили глуми во серијата „Stranger Things“ уште од првата сезона што излезе во 2016 година, кога актерката имаше 12 години. Актерката ќе ја снима петтата и последна сезона од серијата и наводно ќе заработи 250.000 фунти за секоја од осумте епизоди.

Слични содржини