Милијарда долари за филмот „Барби“ – предвидувањата на Маргот Роби се покажаа точни

од Stefanija Kuzmanovska
363 прегледи

Играниот филм „Барби“ е успех на благајните како што многумина предвидуваа и продолжува да добива нова публика во кино салите.

Од првиот ден на емитување, кој беше на ист ден со филмот „Опенхајмер“, филмот на Грета Гервиг во кој Маргот Роби ја игра улогата на Барби, стана иконски дел од поп културата. Сега, на кино благајните, „Барби“ се приближува до милијарда долари ширум светот, само две недели од неговото емитување.

Интересно е тоа што Маргот Роби ги убедувала раководните лица на продуцентската куќа „Ворнер Брос“, која го снимила филмот, велејќи дека филмот за Барби ќе заработи повеќе од милијарда долари.

Само во првиот викенд „Барби“ заработи повеќе од 337 милиони долари ширум светот. Сега веќе надмина 600 милиони во вториот, а проекциите велат дека во недела би можел да достигне 700 милиони долари. Дефинитивно, филмот на Грета Гервиг урива рекорди и се очекува за кратко време – веќе за десет дена да достигне една милијарда во светската колекција.

„Барби“ не само што е еден од филмовите со најголема заработка досега во 2023 година, туку има и листа на рекорди што ги има постигнато досега: Најголемото деби за филм во 2023 година. Најголемото филмско деби за жена режисер. Нов рекорд за Маргот Роби и Рајан Гослинг, во однос на паричната добивка. Најголемото деби на благајните за филм за играчки. Деби со најголема заработка во првата недела за студио на „Ворнер Брос“.

Слични содржини