Милијардерите побогати за 4 трилиони долари, доволно за вакцини за сите

од Vladimir Zorba
277 прегледи

Извештајот на Институтот за политички студии во САД покажува дека богатството на 20-те најбогати милијардери е зголемено за 742 милијарди долари.

Богатството на милијардерите за време на пандемијата на коронавирус е поголемо за 4 трилиони (4.000 милијарди) долари.

Извештајот на Институтот за политички студии (ИПС) е објавен од порталот „Бизнис инсајдер“, кој покажува дека од 18 март 2020 година до 18 март 2021 година, богатството на 2.365 милијардери се зголемило за 54 проценти, односно за 4.000 милијарди долари.

Во извештајот се наведува дека 20-те најбогати милијардери се побогати за 742 милијарди долари, што е зголемување за 68 проценти.

Извештајот на меѓународната организација „Оксфам“, објавен на почетокот на 2021 година, покажа дека милијардерите се побогати за околу 3.900 милијарди долари.

Во извештајот се наведува дека парите ќе помогнат никој да не осиромаши поради пандемијата на коронавирус и дека со нив може да се купат доволно вакцини за коронавирус за секого.

Слични содржини