Милијардерот доби две ќерки, откако лани во бомбашки напад му загинаа трите деца

485 прегледи

Данскиот милијардер, 47-годишниот Андрес Холч Повлсен и неговата сопруга Ен, станаа родители на близначки по помалку од една година откако во бомбашки напад на Шри Ланка му загинаа трите деца.

„Две мали чуда“, биле зборовите со кои Андрес и Ен ги опишале девојчињата родени денеска во Данска.

„Ен и Андрес Холч Повлсен станаа родители на две здрави девојчиња, по лесната бременост и породувањето без компликации. Семејството со полно срце ги дочека двете мали чуда. Многу се возбудени што ќе ги запознаат девојчињата и што дошле како потврда за животот“, се вели во соопштението кое го потпишала личната секретарка Кристин Монстер.

Во терористичкиот напад кој се случи лани на Шри Ланка, беа убиени нивните ќерки Алма и Агнес како и синот Алфред. Преживеа само најстарата ќерла Астрид.

Децата со мајката беа на Шри Ланка за време на велигденските празници.

Слични содржини