Египетски милијардер сака да купи грчки или италијански остров кој ќе стане засолниште за бегалците и истовремено да стане атрактивна туристичка дестинација. Запознајте се со плановите на Нагуиб Сафирис:
“Никогаш не сум ветил нешто што не сум и постигнал”, вели Нагуиб Сафирис. Како да не му верува човек! Та тој е еден од десетте најдобри богатите бизнисмени во Африка и се смета за еден од најбогатите луѓе во светот. Сафирис е шеф на огромна телекомуникациска империја и сè до што ќе допре, претвора во злато. Затоа и лансираната од него пред неколку недели идеја би требало да се зема сериозно.
Египќанецот изјави дека сака да купи остров во Грција или во Италија и да го претвори во засолниште за бегалци. “Најдоброто од мојата иницијатива е тоа што јас ќе ги однесам луѓето на островот. Тие нема да одземат никому работни места, бидејќи на островот нема ништо. Тие нема да му го одземат местото на некого во некоја болница или училиште. Зашто ние ќе изградиме нова болница, ново училиште и ќе обезбедиме работа за оние луѓе кои ќе градат нов живот “, вели Савирис. Тој постојано истакнува дека ќе обезбеди 100 милиони долари почетен капитал и ќе бараат донатори кои ќе ја поддржат идејата. Тие ќе добијат удели во непрофитната организација која ќе стопанисува со азил за бегалци. “Ние ќе инвестираме и во хотели, за да создадеме работни места. И кога се е спремно, островот ќе стане атрактивна дестинација и за туристи”, вели мултимилијардерот.
Бегалци и туристи на едно?
Савирис веќе презема чекори за реализација на идејата. Тој нашол осамени острови во Италија, кои сепак се во државна сопственост и не се продаваат. Затоа пак во Грција има и приватни сопственици на острови, кои можат да бидат продадени. “Најдов 23 острови. Нема проблем за цената. Утре можеме да ги купиме сите. Не можеме сепак да испратиме таму мигрантите без да имаме дозвола од грчката влада. Иако по моето писмо до грчкиот премиер и покрај барањето до амбасадорот тука во Каиро, сеуште не добив никаков одговор “, вели Савирис.
Грчката амбасада во Каиро не го коментира предлогот на египетскиот бизнисмен. Чудна реакција во позадината на бројот на бегалците во Грција и цела Европа. “Јас сакам само грчкиот премиер да ми напише едно писмо и да каже:” Готово! Можеш да населаиш 20 000 луѓе на овој и овој остров за три години. Ќе те запознаам со царинските власти и на службата за странци. Островот ќе ги прифати сите за три години, додека ситуацијата во земјата се нормализира. Тогаш тие треба да се вратат во својата татковина. “Савирис вели дека не е навикнат да пишува писма до премиери и да не добива одговор.
Што мисли Брисел по прашањето?
Идејата на мултимилијардерот не е воопшто лоша. Та нели бегалците и без тоа се веќе во Грција или Италија. Савирис сака луѓето да ги прифатат сериозно креативните предлози за решавање на бегалската криза. Дали смета на поддршка за идејата и од федералната влада на Германија? “Се надевам! Затоа давам и интервјуа за германски медиуми. Веќе се обратив и кон ЕУ. Не забележав сепак луѓе кои се однесуваат сериозно кон плановите . Бирократите секогаш реагираат така, кога си имаат работа со претприемачи.” Ах, да! Прекрасна идеја! “, велат тие. И никој на прави ништо”, огорчено одговара Савирис.

