Миликије Халими нова директорка на АД Аеродроми

од Radmila Tasevska
243 прегледи

Поранешната градоначалничка на Арачиново Миликије Халими стана генерална директорка на АД Аеродроми на Северна Македонија во државна сопственост. Таа на функцијата била назначена во средата со одлука на Надзорниот одбор на претпријатието.

Халими ќе управува со двата меѓународни, скопскиот и охридскиот во оној дел кој не е под концесија на ТАВ, како и со спортските аеродроми.

Претходно, со АД Аеродроми раководеше Трајче Ангеловски.

Миликије Халими на својот фејсбук профил најави дека фокус ќе стави на зголемување на квалитетот на услугите за сите корисници како и зголемување на ефикасноста и ефективноста на работењето на институцијата генерално.

Слични содржини