Милиони демонстранти се очекуваат на протестите за климата овој викенд

од Radmila Tasevska
190 прегледи

Од петок до недела се планирани повеќе од 400 демонстрации и протести ширум светот со барање за зголемена акција против климатските промени, а на нив се очекува да учествуваат милиони луѓе.

Мрежата за климатска акција денеска објави дека демонстрантите ќе бараат што е можно поскоро напуштање на користење јаглен, нафта и гас.

Целта на серијата протести е и за климатскиот самит што ќе се одржи на 20 септември во Њујорк, чиј домаќин е генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Според извештајот, зад протестите стојат 780 организации – вклучително Гринпис, Extinction Rebellion и Friends of the Earth.

Во Германија, климатското активистичко движење „Во Петок за иднината“ повика на „глобален климатски штрајк“ на 15 септември, со планирани десетици демонстрации. Во протестите учествува и групата Последна генерација.

„Планираните демонстрации се гласна порака до индустријата за фосилни горива и нејзините поддржувачи дека нивното време истече, рече лидерката на Мрежата за климатски активности“, Таснем Есоп.

Генералниот секретар на ОН Гутереш минатата недела повика на многу поголема амбиција во борбата против климатските промени за да се спречи „најлошиот климатски хаос“.

Слични содржини