Неколку милиони литри виски беа уништени во пожар кој избувна откако молња ја удри фабриката за алкохолни пијалаци на американската компанија Jim Beam, објавија локалните медиуми.
Инцидентот се случил во градот Клермонт, Кентаки, каде се наоѓа единствената фабрика на Jim Beam. Како што е соопштено молњата удрила во магацинска просторија на фабриката за дестилација. Како резултат на тоа огромни резерви екслузивен бурбон истекоа до рибникот на фабриката и се претворија во огнено торнадо под ненадеен налет на ветрот.